Search

(Видео) Наполи победи откако на Сасуоло му беа поништени четири гола

Наполи остана во конкуренцијата со Милан и Рома во борбата за излез во Европа со денешниот триумф на домашен терен против Сасуоло 2:0.

Хусај го отвори резултатот уште во осмата минута на мечот, а гостите имаа неколку шанси да дојдат до реми, но на крајот не успеаја. Во финишот на средбата, Наполи го искористи притисокот кон голот на гостите и со погодокот на Алан во 94. минута ја потврди победата.

Џенаро Гатузо му даде шанса на Ељиф Елмас во завршницата на местото на Зјелински.

Домашната одбрана си го направи своето на вечерашниот меч, иако ВАР-собата исто така беше на нивна страна, поништувајќи погодоци за гостите.

Треба да знаете
Последни објави