Search

Џон Траволта, по 45 години, се оддалечува од сциентологијата

Џон Траволта (66) веќе 45 години е во Сциентолошката црква, но странските медиуми пишуваат дека актерот се оддалечува од сциентологијата. Сопругата на Џон, Кели Престон, која боледуваше од карцином, почина кон средината на јули. Тогаш Траволта му се заблагодари на медицинскиот тим.

„Моето семејство и јас засекогаш ќе им бидеме благодарни на лекарите и медицинските сестри во Центарот за карцином ‘МД Андерсон’, кои ѝ помагаа на Кели“, напиша Џон по смртта на сопругата, со која помина 30 години.

Поранешни членови на сциентологијата и пријателите на Траволта го пофалија актерот бидејќи на тој начин навести дека се оддалечува од Сциентолошката црква. Л. Рон Хабард, основач на Сциентолошката црква, се противи на хемотерапијата и на зрачењето, а кон тоа се придржуваа многумина следбеници на сциентологијата.

„Изјавата за поддршка на медицинскиот персонал беше недвосмислена. Таа покажува дека Траволта се оддалечил од сциентологијата“, рече поранешниот член на црквата, Џефри Августин.

Хабард е противник на хемотерапијата, но луѓето сфаќаат, тврди Августин, дека тоа не е случај кога станува збор за сериозни болести.

„Му се восхитувам на Траволта што го стори тоа. Тој не дозволи сциентологијата да биде виновна за смртта на Кели“, додаде Џефри.

 

Треба да знаете
Последни објави