Search

Полицијата бркаше работници од градилиштето кај „Беко“, Стојменов тврди му бараат милион евра мито

Полиција и градежен инспектор на Општина Центар денеска ги бркаа работници од градилиштето во центарот на Скопје, кај поранешно „Беко“, бидејќи тврдат се гради противзаконски. На градилиштето, каде се гради хотел, денеска беше и инвеститорот Борис Стојменов. Тој во изјава пред камерата на ТВ21, пак, обвини дека му бараат мито.

-Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито, вели Стојменов.

Од друга страна, градоначалникот Богдановиќ на Фејсбук соопшти како дошло до денешната акција за отстранување на работниците. Посочува дека од 26 февруари 2020 има решение за отстранување на градба, но инвеститорот тоа не го направил.

-Инвеститорот и покрај тоа што е донесено решение и заклучок за уривање, и затворање на градилиштето по член 136 од Законот за градење, на насилен начин го отстранил знакот за затворање на градилиштето. Поради тоа во присуство на полиција денеска од градилиштето се отстранети затекнатите работници и согласно Закон, против инвеститорот ќ е се поведе постапка пред надлежните органи, соопшти градоначалникот Саша Богдановиќ.

Според него, инвеститорот не поседува одобрение за градење на градбата.

-Во определените три дена инвеститорот не ја отстранил градбата и затоа, на 28 март 2020 година овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќ е се стори по административен пат на сметка на инвеститорот, наведува Бодановиќ.

https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj/posts/1213457842332581

Треба да знаете
Последни објави