Search

Богдановиќ: Стојменов да се извини за обвинувањето за мито или ќе го тужам

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, побара јавно извинување од бизнисменот и поранешен министер за финансии Борис Стојменов, дека општината му барала 1 милион евра мито за да продолжи со градбата на парцелата на поранешната Стоковна куќа „Беко“, пренесе порталот „Либертас“.

-Доколку некој му побарал мито на господинот Стојменов и има докази за тоа, наместо медиумски, Општина Центар го охрабрува случајот да го пријави во Основното јавно обвинителство, кое е надлежно да постапува за предмети од таа проблематика. Од Борис Стојменов бараме јавно извинување за изнесените тенденциозни тврдења за општината и градоначалникот Богдановиќ, во спротивно на истиот ќе му бидат поднесени соодветни пријави, вели градоначалникот Богдановиќ.

Обвинувањата на Стојменов и барањето за јавно извинување  од бизнисменот до градоначалникот на Центар Богдановиќ уследи откако утрово инспектори, со асистенција на полицијата, ги прекина градежните работи на парцелата кај поранешно „Беко“. Општината тврди дека Стојменов градел без дозвола.

Треба да знаете
Последни објави