Search

Мел Гибсон криел дека е позитивен на коронавирус

Холивудскиот актер Мел Гибсон (64) беше хоспитализиран во април годинава поради здравствени компликации предизвикани од коронавирусот, пишува „Пипл“.

„Тој беше хоспитализиран седум дена од моментот кога стигна позитивниот тест. Во болница го лекуваа со  ’ремдесивир’. По закрепнувањето, тој беше тестиран безброј пати, но на крајот беше излекуван“, изјави близок пријател на славниот актер за „Пипл“.

Актерот долго време ја криел оваа информација, а се претпоставува дека бил тестиран неколку недели по контактот со актерот Том Хенкс, кој отворено зборуваше за својата борба со коронавирусот.

Мел Гибсон, познат по многубројни филмски достигнувања, пред три години со својата девојка Розалинда Рос го доби деветтото дете.

Треба да знаете
Последни објави