Search

Мајли Сајрус си купи палата во елитен кварт за богати и славни

Таа стана најновата членка на ексклузивната група луѓе кои живеат зад заштитени врати во елитниот „Хидн хилс“ северно од Лос Анџелес.

Мајли Сајрус даде 4.95 милиони долари за куќа со шест спални соби во ексклузивниот кварт „Хидн хилс“ во близина на Лос Анџелес, објави „Варајати“ во четвртокот.

 

Истиот извор пренесува дека 27-годишната поп-sвезда и актерка потпишала договор надвор од пазарот на недвижности.

Палатата се протега на површина од 6.800 метри квадратни. Опишана е како традиционална куќа во „Ист коуст“ (источен брег) изградена во педесеттите години на минатиот век, и неодамна целосно реновирана.

Ентериерот на хациендата е со засводени тавани, заоблени прозорци, паркет од француски даб, домашно кино… и широка површина за забава на отворено.

Треба да знаете
Последни објави