Search

Кон: Не е пријатно кога повеќе од 2.000 колеги бараат да се смени Кризниот штаб

Српскиот епидемиолог, Предраг Кон кој е член на Кризниот штаб во битката со пандемијата од коронавирусот не крие дека по барањето кое го потпишале околу 2.000 колеги да бидат заменети не се чувстува пријатно.

-Овие 2.000 потписници не можат повеќе да бидат противници, тие се „обединети во борбата против ковид“. Тоа што сме во оваа позиција, ете се случи, изјави Кон на гостувањето на Н1 телевизијата.

Тој посочи и дека луѓето не знаат дека Кризниот штаб се состои од 40 лица, од кои само десет се медицински експерти, епидемиолози, инфектолози, виролози и имунолози. Кон ја истакна важноста на комуникацијата со јавноста, изјавувајќи дека некои членови на Кризниот штаб од медицинската професија сметаат дека комуникацијата треба да се бојкотира затоа што одредени прашања на новинарите ги сметаат за навреда.

-И јас лично сметам дека е неопходно да се продолжи комуникацијата постојано, рече тој.

На прашањето дали податоците што се објавуваат секој ден на прес-конференциите на Кризниот штаб се однесуваат на тестовите од последните 24 часа или на обработените тестови од последниот ден, Кон рече дека тој самиот „искрено не знае“.

Треба да знаете
Последни објави