Search

Захарова: Наивен обид на Помпео да забие клин во односите меѓу Русија и Кина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска реагираше на изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео за создавањето антикинеска алијанса.

„Москва верува дека изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео за можноста за вклучување на Русија во американската антикинеска кампања е обид да се искомплицира руско-кинеското партнерство и да се забие клин меѓу Русија и Кина”, се наведува во соопштението на Захарова.

-Изјавата на Помпео ја сметаме за можност за вклучување на Москва во антикинеската кампања на САД како уште еден наивен обид за комплицирање на руско-кинеското партнерство и „забивање клин” во пријателски врски меѓу Русија и Кина, рече Захарова во коментар.

Таа истакна дека Русија има намера дополнително да ја зајакне соработката со Кина, за која смета дека е најважен фактор за стабилизирање на ситуацијата во светот.

Портпаролката на руското МНР изрази изненадување заради дрскиот тон во изјавите на Помпео, кои содржат „непристојност која веќе стана вообичаена за речникот на американската надворешна политика на штета на Кина, нејзиниот социо-политички систем и раководството на земјата”.

„Тензијата што Вашингтон ја предизвика во односите со Пекинг не само што им штети на САД и Кина, туку сериозно ја влошува меѓународната ситуација во целина. Овие две земји се постојани членки на Советот за безбедност на ОН и играат важна улога во светските работи. Заедно со останатите членки на петорката тие имаат посебна одговорност за одржување на глобалната стабилност”, се наведува во соопштението на руското МНР.

Треба да знаете
Последни објави