Search

Застрелан во нога дуќанџија од Пластичарска, пукање пред фирма во Злокуќани

Сопственик на дуќан на Плстичарска завршил во болница откако бил ранети од огнено оружје во едниот од двата инциденти со пукање, вчера во Скопје, информираше МВР.

-На 23.07.2020 во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреда бил донесен Р.Б.(68) од Скопје. Според пријавеното, во неговиот продажен објект на булевар Никола Карев околу 21.30 часот дошле Е.С.(33), Н.С.(56) и Џ.С.(27), сите од Скопје и физички ги нападнале неговите синови Е.Б.(41) и Е.Б.(27). Тогаш  Р.Б. од горниот кат се симнал да види што се случува, при што Е.С. од пиштол испукал еден куршум и го повредил во десната надколеница, по што напаѓачите избегале. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Претходно, околу 12.30 часот пред фирма на улицата Скупи, по претходно недоразбирање, се степале О.Б., И.Б., М.М. и М.М.М., вработени во фирмата, од една страна, и М.Ш. со неколку други лица, од друга страна.

-Во физичката пресметка биле користени тврди предмети, а во еден момент О.Б. испукал еден куршум во воздух, по што го вперил пиштолот кон М.Ш.. При пресметката, со тешки телесни повреди се здобил М.М., констатирани во болницата „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Од МВР информираат дека завчера А.Р.(30) од Скопје пријавил дека на 10.07.2020 околу 15.00 часот, додека со Е.Н. и Р.Н. седеле пред угостителски објект во населба Бутел, во нивна близина неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што се слушнал истрел од огнено оружје, кој го погодил пријавителот во ногата. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави