Search

(Видео и фото)Силно невреме зафати делови од БиХ и Хрватска

Силно невреме зафати вечерва делови во Босна и Херцеговина и во Хрватска.

Во БиХ настрада од невремето градот Тузла. За кусо време улиците целосно биле покриени со вода. Граѓаните соопштуваат дека дувал силен ветар кој кршел дрвја, а според првичините информации од надлежните служби во Тузла наврнал 70 литри воден талог на метар квадратен.

Во Хрватска, настрада Загреб, а и делови од Истра. Погоден е северен Јадран, објави Далмација Данас. Во делови од Истра веќе наврнале повеќе од 30 литри дожд по квадратен метар.

При доаѓањето на бурата над Кварнер, имало силни удари на ветер, објави Индекс.хр.

Посебно силно невреме го погодило Сењ, каде се поплавени улиците.

По доаѓањето на невремето, температурите на воздухот паднале за повеќе од 10 степени.

 

Треба да знаете
Последни објави