Search

Битиќи демантира дека е претендент за премиерската функција

Претседател на комисијата за финансии во СДСМ и советник на премиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи демантира дека се гледа себе како премиер, како што пренесе Сител.

-Најверојатно станува збор за недоразбирање, оти мислев на министерска позиција, а не на премиерска функција. Реков „Во политиката се е возможно, но ќе оставам на мандатарот, а тоа е господинот Зоран Заев да одлучи дали јас сум најдобриот кандидат за некое од министерските места“, изјави Битиќи за 24 Инфо.

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/317489792768489/?t=392

Треба да знаете
Последни објави