Search

Новата сезона во Премиерлигата почнува на 12 септември и ќе трае до 23 мај идната година

Новата сезона во англиската фудбалска Премиерлигата ќе започне на 12 септември и ќе трае до 23 мај идната година , објавено е денеска на службениот Твитер профил од лигата. Беше јасно дека поради коронавирусот Премиерлигата ќе почне подоцна од вообичаено со оглед на тоа дека обично новите сезони започнуваа во првата половина на август.

Актуелната сезона се уште не е завршена, во недела со почеток во 17 часот започнува последното коло на сите мечеви.

Тогаш ќе се знае дефинитивно кој екипи испаѓаат од лигата, а кои ќе играат во европските натпреварувања наесен.

Единствено познато досега е дека Ливерпул е нов шампион, а дека Манчестер Сити ќе остане втор на табелата. Познато е и дека Норич веќе испадна од ПЛ.

Во борбата за опстанок се Астон Вила, Вотфорд и Борнмут, додека за пласман во Лигата на шампиони се борат Челси, Лестер и Манчестер Јунајтед.

За пласман во Лига Европа се борат Вулверхемптон и Тотенхем, но шанса за настап во второто по квалитет натпреварување во Европа ќе бара и Арсенал преку финалето на ФА купот каде противник му е Челси.

Дел од Премиерлигата од следната сезона се и Лидс Јунајтед и Вест Бромвич Албион. Третиот патник од Чемпионшип во ПЛ ќе биде познат по одигрувањето на плеј офот во кој се најдоа Брентфорд, Фулам, Кардиф и Свонси.

Треба да знаете
Последни објави