Search

Мијалков: Тепањето новинари е неприфатливо, се прави хајка врз мене преку медиуми под контрола на Мицкоски

Насилството врз новинари е неприфатливо и доколку имало таков случај го повикувам МВР да го расчисти, напиша на Фејсбук, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, откако денеска новинарот Љупче Златев обелодени за јавноста дека бил нападнат од обезбедување на Мијалков.

-Ниту некој од моето семејство, ниту некој од моето обезбедување кое е составено од професионалци не учествувал во никаков инцидент и сигурен сум дека тоа ќе се докаже откако ќе се расчистат сите детали. Тоа што во моментов се прави е реализација на уште една хајка против мене, преку медиумите под контрола на Христијан Мицкоски. Во изминативе две години Мицкоски нарачуваше десетици измислени и неточни текстови само за да ја покрие сопствената неспособност да ја води партијата и да понуди визија која што ќе ги привлече граѓаните.
Измислуваше дека сум добивал тендери во здравство , а немам никаков допир со тој бизнис.
Вчера измисли дека сум имал стан во Охрид, а денес измисли дека моето обезбедување учествувало во физички напад и за тоа ги злоупотребува медиумите блиски до партијата. Затоа ќе ти порачам, Христијан занимавај се со тоа што ти е работа. Три години времето го трошиш на мене, наместо да работиш на програма и понуда. Три години го трошиш просторот во медиумите кои се критички кон власта за пласирање на лаги за мене, наместо да го искористиш за обединување на членството и жесток и конструктивен напад кон власта. Видовме до каде те доведе тоа. Наместо сигурна победа, сега секој член на ВМРО ДПМНЕ е во исчекување дали ќе направиш Влада.
Малку време ти остана, а ти наместо да преговараш со потенцијални партнери за коалиција и да обезбедуваш меѓународна поддршка, повторно се занимаваш со мене, напиша Мијалков.

Треба да знаете
Последни објави