Search

Ливерпул преговара за нов договор со Вајналдум, а Ловрен заминува во Зенит

Новиот англиски фудбалски првак Ливерпул е во преговори со играчот од средниот ред Џорџино Вајналдум. Дваесет и деветгодишниот Холанѓанец имаше 46 настапи за Ливерпул во сезоната 2019/20 и постигна шест гола. Неговиот договор со „црвените” истекува на 30 јуни 2021 година.

Хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен ги напушта „црвените“ и се сели во Зенит. Се посочува дека рускиот клуб ќе плати 12 милиони евра на Ливерпул за дефанзивецот.

Треба да знаете
Последни објави