Search

Демонстрантите ја запалија сликата на тајланскиот премиер Прајут Чан-оча

Млади тајландски политички активисти денеска пред седиштето на владата во Бангкок запалија слика на премиерот Прајут Чан-оча и побараа негова оставка, додека во земјата расте притисокот врз генералите, кои го оркестрираа државниот удар за 2014 година, да си дадат оставка.

Демонстрантите запалија слика на Прајут и неговиот заменик, Правит Вонгсуан, двајцата поранешни воени команданти, пренесоа британските медиуми.

Во текот на минатата недела во најмалку шест провинции имаше мали протести во кои се бараа оставки, додека внатрешните судири во владеачката партија доведоа до оставка на шест члена на владиниот кабинет, додаваат британските медиуми.

Прајут, исто така, се соочува со тежок предизвик за заживување на економијата, за кој централната банка вели дека годинава може да се намали за рекордни 8,1 отсто и да доведе до загуба на седум – осум милиони работни места, најмногу заради пандемијата.

Како што пренесуваат британските медиуми, младините планираат повеќе протести во текот на викендот. Минатата сабота околу 2.500 лица се собраа на едни од најголемите демонстрации против Прајут по пучот во 2014 година, за време на кои имаше негативни референци и за моќната монархија. Ваквите алузии беа некогаш незамисливи во земјата во која критикувањето на кралевите беше спротивно на законот.

Треба да знаете
Последни објави