Search

Во Полска забележан најголем дневен пораст на новозаболени со Ковид-19

Во Полска во изминатите 24 часа потврдени се 458 новозабоелни лица со Ковид-19, што е најголем дневен пораст за повеќе од еден месец, соопшти Министерството за здравство. Растот на инфицирани лица со новиот коронавирус е предизвикан од најголемото жариште во Полска односно трите рудници за јаглен во регионот Горна Шлезија. Околу 40 проценти од новозаразените се од Горна Шлезија.

Рударите се 16 отсто од сите досега регистрирани случаи на Ковид-19 во Полска, но според Министерството за здравство, 97 проценти од нив немале симптоми.

Треба да знаете
Последни објави