Search

Арифи: Во опозиција може да не прати само народот со гласање

Верувам во процесот на преговори за формирање на парламентарно мнозинство и дека преку рационализам ќе може да најдеме коректно решение за сите, изјави потпретседателката на ДУИ и градоначалничка на Тетово Теута Арифи  во вечерашното гостување на ТВ 24.

-Бројките се тие, во кампања може да се дадат изјави мислејќи дека ќе се добијат 20 пратеници, но кога разговарате имате тврдоглави бројки на маса. Не зборуваме за откажување од идејата за премиер-Албанец, треба да ни се верува. Идејата станува важна не остана незабележана сите ја коментираа, но сакаме да видиме како тоа ќе се одвива низ процесот на разговори – рече Арифи.

Бројот на освоени 15 пратенции на ДУИ кој во изборната трка влезе без коалициски партнери некоректно да се игнорираат.

-Со тој легитимитет ќе ги оствариме приоритетите. Комуникации меѓу партиски членови има, но нема официјален процес. Не е дека ние се гледаме во влада, граѓаните така одлучија. Во опозиција може да не испрати само народот со гласање, желбите се едно но бројките се друго – порача Арифи несакајќи да ги коментира изјавите на ривалите од предизборната кампања.

Треба да знаете
Последни објави