Search

Германија е против било каква размена на територии помеѓу Косово и Србија

Германскиот пратеник и известувач за Косово во Советот на Европа, Питер Бејер, го повтори ставот на земјата дека размената на територии не е можна како решение за косовскиот проблем.

„Сакам да ја повторам својата позиција и ставот на Германија, дека не се согласувам за каква било територијална размена од каков било вид“, истакнал Бејер.

Тој потенцирал дека техничките детали од разговорите меѓу Белград и Приштина се исклучително важни, но додал дека може да се постигне конечен договор доколку нема целосна примена на „техниките“.

„Како што кажав многу пати претходно, и двете страни мора да ја завршат својата работа. Јас сум крајно среќен што видов дека започна дијалог посредуван од ЕУ. Ова е навистина добра вест и, несомнено е добра работа ако има сериозна и искрена верба во добрата иднина на својот народ“, изјавил Бејер.

Тој исто така вели дека е јасно дека мора да започнат разговори за постигнување конечен и правно обврзувачки договор.

„Не сум убеден дека секој технички детал мора да се спроведе пред да се потпише таков договор. Сепак, верувам дека е суштинско и апсолутно неопходно за обете страни да покажат сериозна и постојана волја за подобрување на нивните перформанси во соодветните области во однос на спроведувањето“, рече Бејер.

Треба да знаете
Последни објави