Search

Прекин на водоснабдувањето во Долно Лисиче, Ченто, Маџари, Хиподром и Труберево

Дел од корисниците во Долно Лисиче, Ченто, Маџари, Хиподром и Трубарево денеска ќе имаат прекин на водоснабдувањето поради улични дефекти.

– На ден 22 јули 2020, поради уличен дефект од ф 80мм на ул. 10 бр.26А Долно Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица 2 и 10 . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите, соопштија од ЈП Водовод и канализација.

Информираа дека денеска, поради дефект на приклучна цевка од ф 5/4 на ул.„Товарник Финска” 8Б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Товарник” и „Среќко Пужалка” . Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до завршување со активностите.

– На ден 22 јули 2020 поради уличен дефект ф-80мм и дефект на пп хидрант ф-80 на ул. „Иван Наумов Алабакот” 32, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од населба Маџари, Хиподром и Трубарево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 до завршување со активностите, посочија од ЈП Водовод и канализација.

Треба да знаете
Последни објави