Search

Маж легна полугол на улица во Бугарија по примерот на фотографијата со Бојко Борисов

Откако во Бугарија осамна фотографија од премиерот Бојко Борисов кој спие во неговата соба, маж попладнево на антивладините протести во Бугарија ја реплицираше фотографијата.

„БГНЕС“ јави тој полугол лежел на улицта, со пиштол и банкноти покрај него, за време на 14. ден од протестите на кои демонстрантите бараат оставка од Борисов.

Пред еден месец осамнаа неколку фотографии од спалната соба на Борисов, а на дел од нив можеа да се забележат банкноти од по 500 евра, злато и пиштол на ноќното шкафче. Борисов не негираше дека бил снимен додека спие, но тогаш тврдеше дека предметите на другите фотографи биле намерно поставени.

Илјадници млади и денеска се собраа во центарот на Софија и пееја патриотски песни.

„Протестирам со истите барања веќе 14-ти ден. Моето лично незадоволство не опаѓа, туку се засилува поради незаинтересираноста на владата за јавното мислење, што во моментов не е во нивна корист. Ја пропуштија шансата да заминат со достоинство. Тие се обидуваат да нè изморат, што нема да се случи и протестите нема да престанат“, рече еден од демонстрантите.

Демонстрантите бараат и измени во Изборниот законик за да се обезбедат фер и транспарентни избори и нови парламентарни избори што е можно поскоро.

Треба да знаете
Последни објави