Search

Лацио му нуди нов договор на Инзаги

Фудбалскиот клуб Лацио ќе му понуди на тренерот Симоне Инзаги нов договор, до јуни 2022 година.

Според италијанските медиуми, договорот ќе има опција да биде продолжен за уште една година.

Инзаги дојде во клубот во 2016 година, а неговиот договор истекува во јуни 2021 година.

„Кориере дело Спорт” објави дека претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, е подготвен да му понуди на Инзаги нови услови на договорот. Платата на Инзаги може да се зголеми од два милиони евра на три милиони до јуни 2022 година, со опција за уште една година.

Инзаги сака гаранции за управување на амбициозен проект, со надеж дека најдобрите играчи ќе останат во тимот и ќе се борат за врвот во Серија „А”.

Откако првенството продолжи по паузата поради пандемијата на коронавирус, Лацио се откажа во борбата за титулата, падна на четвртото место и е на 11 бода зад водечкиот Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави