Search

Богдановиќ: Ако ги отфрлиме објектите од „Скопје 2014“ ќе им направиме услуга на инвеститорите

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ,  во гостување во Топ Тема за Деталниот урбанистички план за „Мал Ринг“ смета дека ако Општината ги отфрли спорните објекто од проектот „Скопје 2014“  ќе им направи услуга на инвеститорите. Тој ја праша советничката ЈанаБелчева кој би бил вистинскиот момент за отворање на јавната расправа и поднесување на ДУП-от.

– Доколку Општината во ДУП-от ги отфрли спорните објекти од проектот Скопје 2014, за кои се отворени повеќе постапки поврзани со јавно-обвинителски истраги и има судски одлуки,  како на пример проектот „Шпански скали”, тогаш ќе им направиме само услуга на инвеститорите на овие објекти, кои веќе платиле одредени комуналии, кои потоа ќе можат да ја тужат државата – рече Богдановиќ.

Тој изјави дека во општина Центар за „Мал ринг” има на сила план кој е донесен во 2012-та година и неколку пати е менуван. Богдановиќ додаде дека секоја измена која треба да се направи во центарот на градот, мора да биде направена со нов детален урбанистички план.

Треба да знаете
Последни објави