Search

Апел за разумно и рационално користење на водата

ЈП Водовод и канализација – Скопје повторно апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акции за исклучување на диви приклучоци.  Во текот на последните инспекциски контроли беше извршено исклучување на диви водоводни приклучоци кои се употребувале за полевање на ниви во Матка. Против сопствениците се поднесени пријави за кривично дело.

Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснадбување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело. ЈП Водовод и канализација – Скопје, потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје. Претпријатието исто така апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, истите да ги пријават на еден од следните контакти:

 

Треба да знаете
Последни објави