Денеска се очекува да почне рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз“, откако јавниот обвинител Љубомир Јовески се реши да не ја изземе Вила Рускоска.
Судскиот процес започна на 1 јули. Во случајот Меѓународен сојуз се обвинети Бојан Јовановски за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски за измама, додека таткото на Бојан, Миле Јовановски е обвинет за перење пари и неовластено држење и трговија со оружје.
Ова ќе биде втор обид за старт на судскиот процес за случајот „Меѓународен сојуз“, откако првото рочиште на 1 јули беше одложено поради барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска од овој предмет. Барањето го поднесе Ременски која е третообвинета во случајот за измама, а причините кои ги наведе се селективност, попречување на правдата и кршење на нејзините права како обвинета. Потоа кон него се приклучи и Јовановски кој, пак, е првообвинет за измама и за перење пари.
Судскиот процес го води судечки совет составен од двајца поротници и судијката Софче Гаврилова-Ефремова која беше втора судијка и во случајот „Рекет“. Доколку не дојде до ново одложување, на денешното рочиште се очекува обвинетите да се произнесат за вина, како и странките да ги дадат своите воведни зборови.