Search

Србија со купување оружје од Кина и Русија го загрозува мирот во Западен Балкан

Министерката за надворешни работи на Косово, Мелиза Харадинај изрази загриженост поради информацијата дека Србија се снабдува со дронови и ракети од Кина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај преку објава на својот официјален профил на Твитер напиша дека постојаното вооружување на Србија со кинеско и руско оружје претставува „директна закана за мирот и стабилноста” на Западен Балкан.

– Косово ја изразува својата загриженост поради тоа што Србија купува од Кина дронови и ракети. По постојаните договори за купување оружје од Русија, последните набавки претставуваат директна закана за мирот и стабилноста на земјите од Западен Балкан, регионот кој е решителен на својот евроатлантски пат, напиша Харадинај.

Треба да знаете
Последни објави