Почнува пристапувањето кон европската рамковна програма за истражување и иновации „Хоризонт Европа 2021-2027″

На денешната седница е разгледана и усвоена и Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон европската рамковна програма за истражување и иновации „Хоризонт Европа” (2021-2027), а Министерството за образование и наука доби задолжение да изготви и достави писмо за изразување интерес за пристапување на земјата кон Рамковната програма на Европската унија за истражување и иновации „Хоризонт Европа” до крајот на август 2020 година.
Владата денеска ги усвои и информациите за напредокот на Република Северна Македонија во делот на „Цивилна подготвеност” НАТО Процес на одбранбено планирање (NDPP) за период јануари 2020 година – јуни 2020 година, и Информацијата за учеството на Република Северна Македонија во НАТО Процесот на одбранбено планирање (NDPP).
Треба да знаете
Последни објави