Search

НБРМ: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето

Вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа, што се должи на растот на депозитите на двата сектори, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор. Годишната стапка на раст изнесува 8,4%, при поголем раст на депозитите на домаќинствата.

 Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа, со нешто поизразено учество на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 6,6и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

       Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити е забележан раст од 7,9%, на годишно ниво.

Меѓу другото:       

 Депозити

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства” се зголемени за 11,2% и 8,7%, соодветно.       

 Кредити

 На годишна основа, кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 4,6%.

Вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 8,8%.

  Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, на годишно ниво, кај кредитите  на корпоративниот сектор е забележан раст од 6,4%, а кај кредитите на секторот „население” од 9,6%.  

Треба да знаете
Последни објави