Search

Единствениот аутсајдер е Зоран Заев кој ја убедуваше јавноста дека ќе победел со 120 илјади гласови разлика

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

Единствениот аутсајдер е Зоран Заев кој ја убедуваше јавноста дека ќе победел со 120 илјади гласови разлика. А и на тој поткуп од сто милиони евра на овие избори Заев загуби во над 40 општини. Колку френетично се занимава со состојбите во ВМРО-ДПМНЕ толку појасно кажува дека му доаѓа крајот на Зоран Заев. Црпнатиот криминалец треба да се подготви да одговара пред законите.

Зоран Заев не успеа да се спаси ниту со целиот поткуп од 100 милиони евра, агитација во време на молк и заканите кои неговите партиски пајташи ги упатуваа кон граѓаните.

Заев е исплашен дека ќе одговара за целиот криминал и затоа со последни сили се бори да се спаси од правдата. Исто како што сака да ги спаси двајцата негови градоначалници кои ги фатија во поткуп, а ЈО молчи.

Институциите под контрола на Заев молчат затоа што Заев е до гуша во криминал.

Молчењето не може да биде вечно. Следува одговорност за криминалот, рекетот и корупцијата.

Треба да знаете
Последни објави