Search

Србија: 359 новозаболени од коронавирус во последните 24 часа

Од последниот пресек на состојбата во Србија, уште 10 лица официјално починаа од ефектите на коронавирусот, така што вкупниот број се искачи на 482, соопшти на прес-конференција српскиот министер за здравство Златибор Лончар. Во последните 24 часа, за коронавирус биле тестирани 8.349 лица, а регистрирани се 359 нови случаи. На респиратор има 190 лица.

Лончар рече дека вкупно 550 здравствени работници се позитивни, а 50 од нив се во болница.Бројот на излечени е 14.114, рече Лончар.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се потврдени 21.253 случаи на инфекција.Стапката на смртност е 2,27 проценти.Бројот на хоспитализирани е 4.762, а бројот на активни случаи е 6.623.

До 15 часот на 20 јули, вкупно 558.440 лица кои ги исполниле критериумите за утврдување на случајот, се тестирани во Србија.

Треба да знаете
Последни објави