Филипче: Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината

Мерката рестрикција на движење може да биде воведена единствено ако постојат индикации за силен притисок на болничките капацитети каде би немало повеќе место за прием на пациенти порача министерот за здравство Венко Филипче. Тој на социјалната мрежа Фејсбук денеска наведе дека во моментов нема таков пристисок за пополнетост на болничките капацитети.

-Не можеме да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението, вели Филипче.

Министерот за здравство посочи дека Македонија има потпишано писмено барање до Светската здравствена организација за да се најде во планот при распределбата на вакцината кога таа ќе биде на располагање.

Во моментов бројот на активни случаи во Македонија изнесува 3.885 од кои најмногу во главниот град Скопје, додека бројот на оздравени пациенти е поголем и изнесува 4.727 лица.

Треба да знаете
Последни објави