(Видео) Во Струмица забава без маски !

На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од забави во струмичкиот ноќен клуб „Аватар“ каде присуствуваат голем број на луѓе без маски не почитувајќи ги здравствените прописи, како коронавирусот воопшто и да не постои. По ваквите слики на потег се инспекторатот и МВР.

Недоговорено однесување во време на пандемија ос коронавирусот кога сите апелираат да се почитуваат препораките за заштита не смее да се толерира. Прекршени се најмалку два закони, од кои најмалку еден е кривично казнен: Собирање во поголема група, и не носење на заштитни маски.
Медиумите пишуваат дека ноќниот клуб „Аватар“ е пријавен од страна на Државниот пазарен инспекторат во Јавното обвинителство заради непочитување на здравствените прописи за времена на епидемијата на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави