Search

Челзи преку Јунајтед до финалето на ФА Купот

Челзи ќе игра во финалето на ФА Купот, откако вечерва на „Вембли” во второто полуфинале, го совлада Манчестер јунајтед со 3:1.

Стрелци на головите за сините од Лондон беа Оливие Жиру, Мејсон Маунт и Хари Мегваер (автогол). За Јунајтед погоди Бруно Фернандеш од пенал во финишот на мечот.

Противник на Челзи во мечот за трофејот ќе биде Арсенал, кој вчера, во првото полуфинале, го совлада Манчестер сити со 2:0.

Финалето на ФА Купот е закажано за 1 август во Лондон на „Вембли”.

Треба да знаете
Последни објави