Рурк со навреди кон Де Ниро: Ти си еден голем плачко и не ми е гајле доколку те посрамотам!

Мики Рурк го нарече Роберт Де Ниро голем плачко и го предупреди дека ќе го посрамоти.

67-годишниот актер се огласи на Инстаграм и ја оживеа скоро 10 години старата караница помеѓу него и Де Ниро (76), велејќи дека слушнал како актерот зборува глупости за него.

Ѕвездата тврди дека слушнал од пријател како Роберт го нарекол лажливец во медиумите, иако не ги навел деталите. Се верува дека судирот настанал околу филмот „The Irishman“ од 2019 година, пренесува msn.com.

Минатата година Рурк тврдел дека поради Де Ниро не добил улога во филмот на Скорсезе кој беше во трката за Оскар. „Скорсезе сакаше да се види со мене за филмот со Пачино, Песчи и Де Ниро“, рекол лани актерот за италијанското лајв шоу – Non e la D’Urso. „Личноста од кастингот му рекла на мојот менаџер дека Роберт Де Ниро одбива да работи со мене во филмот“.

https://www.instagram.com/p/CCwyYfSnlA7/?utm_source=ig_embed

Претставниците на Де Ниро велат дека Мики воопшто не ни бил предложен за било каква улога во филмот.

Двојката работела заедно во 1987 година на филмот „Angel Heart“ и уште од тој момент не е во добри односи.

 

 

Треба да знаете
Последни објави