Search

(Видео) Откриени 110 контејнери со токсичен отпад на пристаниште во Малезија

Малезиските власти пронајдоа 110 контејнери со тешки метали со потекло од Романија кои требало да бидат шверцувани во Индонезија.

Контејнерите, сепак, биле оставени во пристаништето во државата Џохор, на југот на Малезија, минатиот месец.

Според малезискиот министер за животна средина и водостопанство, Туан Ибрахим Туан Ман, станува збор за 1.864 тони метали како што се цинк, хром, олово, кадмиум и жива. Тој вели дека ова е досега најголемото откривање на штетен отпад во историјата на Малезија.

Туан Ибрахим рекол дека малезиските власти не дале одобрение за прием на отпадот, ниту добиле известувње од извозникот на отпадот за транзит низ Малезија.

Бидејќи Кина го забрани увозот на отпад пред две години, Малезија стана главна дестинација во светот за пластична отпад и сега преговара за враќање на стотиците нелегално испорачани контејнери отпад со земјите од потекло.

Треба да знаете
Последни објави