Search

Милан ќе му даде 75 милиони евра за трансфери на Рангник

Раководството на Милан веќе го одреди буџетот што ќе го има новиот тренер Ралф Рангник, пренесе „Газета дело Спорт”. Германецот ќе го преземе тимот по крајот на сезоната, откако го раскина договорот со РБ Лајпциг, каде во моментов ја игра улогата на спортски директор. На „Сан Сиро” се очекува да добие целосна моќ и да биде одговорен и за првиот тим и за трансферите.

Милан постави буџет за следните три години, при што ова лето Рангникк има 75 милиони евра за трансфери, плус 50 отсто од парите од продажбата на некои од сегашните играчи кои не се дел од плановите на тренерот.

Речиси сигурно ќе има некои промени во Милан во текот на летото, бидејќи германскиот стручњак ќе се обиде да ги привлече вистинските играчи кои одговараат на неговата фудбалска филозофија.

 

Треба да знаете
Последни објави