Search

Манчестер јунајтед и Интер се заинтересирани за Белоти

Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти може да ја смени екипата за време на летниот преоден рок, пренесува „Тутоспорт”.

Според италијанскиот медиум, Интер и Манчестер јунајтед се заинтересирани за 26-годишниот Италијанец.

„Неро-азурите” наводно го гледаат напаѓачот како потенцијална замена за Лаутаро Мартинез, кој е близу да замине во Барселона.

Во сезоната 2019/20, Белоти одигра 39 натпревари за Торино, постигна 22 гола и четири асистенции.

„Transfermarkt.com” ја проценува вредноста на фудбалерот на 32 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави