Search

Велика Британија повеќе нема да објавува податоци за бројката на починати од коронавирус

Властите во Велика Британија објавија дека привремено го стопираат секојдневното објавување на најновите податоци за бројот на починати во пандемијата на коронавирус. Одлуката е донесена поради сомнеж дека таа статистика е претерана. Британскта лада побарала ревизија на методологијата на пресметка на бројот на починати, откако стручњаците предупредиле дека поради начинот на кој досега се водела евиденцијата на починати во Англија, сликата на тој статистички параметар може да биде искривена во споредба со другите делови на Велика Британија.

Владата ја објасни привремената суспензија за необјавување на податоци за бројот на загинати со соопштение во кое се посочува дека според сегашната методологија, се сметаат како починати од Ковид-19 сите лица кои умреле по добивањето на позитивен тескт за коронавирус, а притоа не се зема предвид временскиот период кој поминал од тестирањето до времето на смртта.

Во соопштението се наведува дека секојдневното објавување на податоци за смртниот биланс од пандемијата ќе продолжи кога ќе се реши овој проблем.

Ревизија на начинот на водење на евиденцијата нареди во петокот британскиот министер за здравство Мет Хенкок, по тврдењата на група експерти дека според сегашната методологија, дури и позитивните на ковид кои успешно се лекуваат „и по три месеци умираат од срцев удар или прегазени со автобус“ се неразумно класифицирани како починати од Ковид-19.

Според сегашните официјални податоци, Ковид-19 одзел повеќе од 45.000 животи во Велика Британија, што е повеќе отколку во која било друга земја во Европа, потсетува Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави