Трамп ги повика Русија и Кина да соработуваат во контролата над вооружувањето

 Претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод одбележувањето на 75 – годишнината од првиот нуклеарен тест во САД во рамките на проектот „Тринити”, повторно ги повика Русија и Кина да соработуваат во областа на контролата над вооружувањето, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Идната контрола над вооружувањето мора да содржи такви мерки за подобрување на безбедноста на Америка и нашите сојузници што се подложни на контрола и дека се почитуваат. Уште еднаш ги повикувам Русија и Кина да ни се приклучат во овие напори,  да работиме заедно за да го направиме светот побезбеден и да спречиме нова трка за вооружување, се вели во изјавата објавена синоќа на веб-сајтот на Белата куќа.

Трамп подвлече дека поседувањето нуклеарно оружје е од полза во обезбедување на националната безбедност како на САД така и онаа на сојузниците. 

Треба да знаете
Последни објави