Заев од утре на одмор, разговорите за нова влада по Илинден

 Преговорите за формирање на новата влада ќе продолжат по Илинден, со запазување на законските рокови, по што државата ќе добие функционални и легитимни институции, велат од СДСМ. Од партијата информираат дека лидерот на СДСМ Зоран Заев од утре ќе користи неколку денови одмор, кои ќе ги помине во државата.
– Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ. Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции, соопштуваат од партијата.
СДСМ им честита на граѓаните за, како што велат, демократскиот капацитет со кој донеле јасна одлука каква Влада и каква држава сакаат во следните четири години.
– На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме”. Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе. Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.
Треба да знаете
Последни објави