Search

Болсонаро се надева на победа на Трамп на изборите во ноември

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека се надева дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде реизбран на претседателските избори во ноември во САД.

Тој ова го соопшти  иако претходно изјави дека трговските односи меѓу двете земји се ветувачки дури и доколку победи демократскиот кандидат, пренесуваат британските медиуми.

Болсонаро редовно го поддржува Трамп и често пати го нарекуваше модел на политички пример и повлекуваше паралели меѓу нивните политички ставови и однесување.

Треба да знаете
Последни објави