Александрова: По четири изборни порази Мицкоски да не ја држи партијата во заложништво, време е за промени

ДИК фрли дамка врз изборниот процес. Ова влага и во официјалните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР. Овде мора да има одговорност. Се сеќавам дека во 2009 годинина неофицијалните резултати ги добивме во 23 часот. При ваква поставеност ДИК го компромитираше кристално чистиот изборен ден. Ова е преседан за кој сите мора да сносат одговорност и комплетниот состав да си поднесе оставка, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“,  Емилија Александрова, пратеничка од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Говорејќи за изборниот резултат, Александрова смета, дека се покажа дека македонските политички партии не ги освоија срцата на граѓаните.

Водеа една црна кампања, вели таа, која заедно со КОВИД-19 влијаеа на излезноста.

-Анкетите се покажаа како точни, но загубата од 250.000 гласачи кај македонскиот блок е податок за кој треба сериозно да се размислува и бара модус на работа како понатаму македонските политички партии да оперираат задоволувајќи ги интересите на граѓаните- смета Александрова.

Се надевам дека нема да се случи одолговлекување на изборот на Влада, потенцира таа.

-Граѓаните се презаситени и очекуваат новата влада да почне со работа што е можно побрзо. Ќе биде тешко, но очекувам зрелост, посветеност на преговарачките процеси и да се покаже на граѓаните дека покрај сите предизвици може да одиме напред. Политичките елиоти мора да испорачуваат резултати- вели Александрова.

Околу барањето за оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, Алексадрова вели дека независната пратеничка група и претходно побарала оставка од Мицкоски бидејќи побарал ратификација на договорот за членство во НАТО под името Северна Македонија, со што го прифати новото име на државата, а за што беа избркани од партијата, што говори за несериозноста на лидерството.

-Вчерашното барање е врз основа на резултатите. ВМРО-ДПМНЕ како никога досега има најмал број на гласови. 150.000 глас од претходните избори. На локалните избори изгубивме и после четири изборни процеси на кои партијата е губитник, најдостоинствено и најдобронамерно што може да направи Мицкоски е да си поднесе оставка. Партијата бара да се реформира, да се смени статутот и да се избере ново раководство. Мицкоски нема потреба да ја држи партијата во заложништво и време е за промени, смета Александрова.

Треба да знаете
Последни објави