Search

Телото на загинатото девојче во сообраќајката извадено во реката Лим

Безживотното тело на 11 годишното девојче кое настрадало во сообраќајната несреќа што се случила синоќа кога автомобилот „БМВ“ во кој се наоѓале татко и две малолетни деца излетал од патот и завршил во водите на Лим, е пронајдено во реката. Го извлекле од водите на Лим нуркачи кои пристигнале на местото на несреќата и се вклучиле во потрагата по девојчето.

Таткото и едното дете успеале да излезат од автомобилот и да стасаат до копното.

Несреќата се случила во доцна синоќа околу 22 часот, кога семјството се враќало од одмор на Златар. Според српските медиуми автомобилот кој завршил во реката Лим бил со регистарски ознаки од Панчево.

 

Треба да знаете
Последни објави