Тачи е „задоволен“ како поминало четиридневното сослушување во Хаг

Косовскиот претседател Хашим Тачи при напуштањето на зградата на Специјалното обвинителство во Хаг, рече дека одговорил на сите прашања кои му биле поставени од обвинителите.

-Задоволен што имав можност четири дена да сведочам за сите прашања во врска со моите активности за време на војната и моите напори за мир, стабилност, развој и напредок. Во текот на овие четири дена, јас бев во можност да дадам информации за мојата улога и моите одговорности за време на војната, изјави Тачи.

Косвоскиот претседател Тачи овие четиридневни сослушување ги оцени како продуктивни и нагласи дека сега останува на обвинителите и судиите да одлучуваат непристрасно.

-Ако го сторат тоа професионално, можат лесно да заклучат дека јас не сум извршил никакви воени злосторства, рече Тачи/.

Според него војната на ОВК била за слобода и дека тие ја имаат поддршката на светот за тоа. На 24 јуни Специјалното обвинителство објави дека покренало предобвинителен акт против Тачи, лидерот на ДПК Кадри Весели и осум други неименувани лица и оти тие биле обвинети за злосторства против човештвото и воени злосторства.

Треба да знаете
Последни објави