Search

Лестер ќе ја заврши сезоната без двајца лидери во тимот

Фудбалерите на англискиот фудбалски премиерлигаш Лестер, Џејмс Медисон и Бен Чилвел нема да играат до крајот на оваа сезона, пишува „Скај Спортс”.

Така, Лестер ќе загуби двајца свои лидери за преостанатите два натпревари на „лисиците” против Тотенхем и Манчестер јунајтед. И двајцата се повредени, што ќе ги остави аут од натпреварите.

Кристијан Фукс исто може да ги пропушти натпреварите, а тоа ќе отвори сериозни проблеми во дефанзивната линија на Лестер.

Следниот натпревар на тимот на Брендан Роџерс е против Тотенхем в недела (19 јули). Лестер е на 4-то место со 62 бода и се бори за место во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави