Search

Во новата сезона од Премиерлигата ќе почнат да се враќаат навивачите на стадионите

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, им соопшти убави вести на приврзаниците на  спортот на Островот, дека наскоро на трибините на стадионите ќе можат да се вратат гледачите. Целосно враќање во нормала по пандемијата со коронавирусот ќе се случи во октомври.

Во периодот кој следува па се до октомври ќе се прават експериментални обиди, односно ќе се бара најбезбедниот начин како да им се овозможи враќање на навивачите на трибините, а притоа да бидат испочитувани мерките за заштита од коронавирусот.

На почеток трибините нема да бидат исполнети максимално, туку ќе има ограничен број посетители. Бројот на гледачите постепено ќе се зголемува.

 

Треба да знаете
Последни објави