Search

СДСМ е победник на изборите со најголем коалиционен капацитет, ВМРО-ДПМНЕ осамена и пред избор: реформи или распад?

Иако се уште нема официјални резултати, а Државната изборна комисија прилично хаотично (не) се снаоѓа со распределбата на мандати за новиот пратенички состав, во моментов две работи се сигурни. Првата дека СДСМ е победник на 10ите парламентарни избори и има најголем коалиционен капацитет. Втората, дека ВМРО-ДПМНЕ е осамена и пред избор дали ќе започне процес на реформи или ќе се соочи со закана за распад на партиската структура. Според последните информации од ДИК, резултатот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше 46:44, додека СДСМ тврди дека според нивните податоци, имаат водство од најмалку три пратеника. Тоа значи дека мандатар за составување влада е Зоран Заев. За да стигне до потребното мнозинство, СДСМ и Заев ќе треба да коалицираат со најмалку уште една партија. Една од опциите е коалиција со ДУИ која е победник во албанскиот блок. Иако со концептот Албанец за премиер овие две партии влегоа во заострена меѓусебна реторика, сепак продолжување на ддосегашната владина коалиција е секако возможна. СДСМ има опција да коалицира и со Алијанса и АЛтернатива, но во тој случај ќе треба да се приклучи уште една партија. Логичниот след вели дека тоа е ДПА на Мендух Тачи која и досега даваше поддршка на СДСМ во Собранието иако формално не беше дел од владината коалиција. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ со два до три пратеника заостанување зад СДСМ, речиси и да нема со кого да коалицира за да стигне до 61 пратеник. Со концептот на етноцентризам и нацинализам кој го пласира, ВМРО-ДПМНЕ денеска речиси и да нема коалиционен капацитет. Денес, какво била коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за било која партија од албанскиот блок е сериозна закана за нивниот рејтинг во иднина. Соочена со таква ситуација ВМРО-ДПМНЕ е пред предизвикот да го смени целиот наратив и начин на политичко делување. Тоа секако ќе мора да се случи преку процес на реформи внатре во партијата. Ако тоа не се случи постои сериозна закана за внатрешни поделби и можен распад на партијата. Јавноста веќе со месеци слуша гласини за одредени конфликти меѓу Мицкоски и потпретседателот Александар Николовски, но и разидувања со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој денеска јавно повика Мицкоски да си оди од челната позиција во ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е, во следните денови следува уште еден интересен и неизвесен период на политичката сцена во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави