Search

Јунајтед размислува за разделба со Лук Шо поради Бен Чилвел

Манчестер јунајтед би можел да се раздели со Лук Шоу, доколку сакаат да го привлечат дефанзивецот на Лестер, Бен Чилвел, тврди „Сан”. „Лисиците” сакаат околу 60 милиони евра за правата на својот играч, а се верува дека „црвените ѓаволи” во моментов се чекор пред Челси и Манчестер Сити, кои исто така се заинтересирани за бекот. Сепак, според изворот, можниот трансфер на Чилвел во Јунајтед би значел помалку време за играње на Шо.

Англичанецот се соочи со конкуренција оваа сезона за своето почетно место во лицето на Брендан Вилијамс. Поради добрите перформанси на младиот фудбалер, Шо беше оставен на клупата неколку пати, но по продолжувањето на сезоната тој започна од првата минута на секој досегашен натпревар.

Сепак, во случај на привлекување играчот на Лестер, Јунајтед би ја разгледал можноста за разделба со својот играч и со тоа да го наметне Чилвел во почетниот состав. Менаџерот на „црвените ѓаволи”, Оле Гунар Солскјер не ги коментираше гласините кои ја поврзуваат неговата екипа со привлекување на Англичанецот, но рече дека многу зависи од тоа дали клубот ќе се квалификува во Лигата на шампиони.

Јунајтед моментно е на петтото место, само еден бод зад третопласираниот Челси и со ист број на поени со четвртопласираниот Лестер.

Треба да знаете
Последни објави