Search

СКАНДАЛ НА СВАДБА: Пијана невеста ги претепала мажот, кумот и свекрвата

Венчавката треба да биде еден од најсреќните денови во животот на невестата и младоженецот, но тоа не важи за Баварија каде поради алкохолот имало исклучок.

33-годишна невеста, според полицијата, испила премногу алкохол и целосно пијана почнала да тепа повеќе луѓе на свадбата којашто се одржала во Арберг, пишуваат германските медиуми.

Меѓу „жртвите“ бил младоженецот, кој, откако не можел да ја смири, ја повикал полицијата на помош.

Кога чуварите на редот пристигнале на свадбата, невестата веќе го натепала младоженецот, неговата мајка и кумот.

По тепачката невестата се затворила во една соба, од која излегла по долгите преговори со полицијата. Од нејзината свадба била однесена со лисици и била покрената постапка поради нанесување на телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави