Search

Се урна авион на Обединетите нации кој пренесувал хуманитарна помош

Товарен авион на Обединетите нации кој пренесувал хуманитарна помош паднал на аеродромот Беледвејн во центарална Сомалија, соопштија властите.

Сабри Ахмед, од локалната администрација во градот Беледвејн, изјави дека авионот го променил правецот на движење и со „стомакот“ заринкал на пистата, оставајќи зад себе црн чад кој бил видлив со километри.

Тројца членови на екипажот го преживеале падот.

Авионот летал од Џибути и пренесувал храна за луѓето загрозени од поројните дождови.

Во моментов не е познато која е причината за уривањето на авионот.

Треба да знаете
Последни објави