Search

Македонец и неговиот свршеник претепани во Италија

Млад Македонец и неговиот свршеник, Италијанец биле претепани пред десет дена во градот Вернаца во покраината Ла Специја, Италија. За среќа, двајцата поминале со полесни повреди, но горчината од инцидентот останала.

Андреа С.М. (33) архитект од Болоња накривува на едната нога додека се качува во возот за Ла Специја. За медиумите раскажа како се случил инцидентот. Левото колено, каде добил удар, го носи болното сеќавање на искуството што ја одбележалала прославата на двајцата партнери.

Андреа со својот партнер, Македонец на возраст од 25 години, кој веќе неколку години живее во Болоња, прославувале три месеци од нивната свршувачка па заминале на неколкудневен одмор на море.

-Дојдовме во Порто Венере и Чинкве Тере за да ја прославиме свршувачката. Бевме безгрижни, среќни и занесени кога држејќи се за раце од центарот на Вернаца тргнавме кон железничката станица за да отпатуваме до Корниља, уште еден бисер на провинцијата Ла Специја. Тогаш го привлековме вниманието на група млади луѓе. Почнаа да не следат правејќи мимики и гестикулирајќи феминистички движења. Потоа почна да ни довикуваат и да ни дофрлуваат погрдни зборови. Се обидовме да ги игнорираме и да продолжиме по патот, но тие продолжија да не следат. Тогаш паднаа и навреди и пцости. Само што се симнавме по скалите на станицата почнаа да не удираат. Не видов колкумина беа оти имаше многу туристи. Двајца не удираа, со клоци по телото и со тупаници по глава, вели Андреа.

За среќа, дел од присутните на станицата прискокнале да им помогнат, а некој повикал полиција. Насилниците го искористиле моментот и се качиле во возот што тргнувал и избегале.

-Бевме во болка, разочарани, исплашени, но набргу луѓето околу нас не подржаа, не охрабрија. Дојдоа и карабинијери кои почнаа да трагаат по насилниците, а полицијата не придружуваше до болницата, вели Андреа.

Според него, полицијата успеала да идентификува и уапси еден од напаѓачите, Молдавец на возраст од 19 години.

-Се надевам дека ќе заврши во затвор и ќе плати за своите постапки, а по издржување на казната ќе биде избркан од Италија. Сакам и да изрзам солидарност до двајцата полицајци кои биле повредени при неговото апсење, рече Андреа.

Тој додаде дека поради растечките случаи на хомофобија нема да мораат самите да тужат, туку тоа ќе го направат институциите и дека тоа ќе биде поука за другите кои се гневни на геј паровите и ги  напаѓаат.

Ова е втор случај на хомофобија, откако неколку дена претходно 25 годишен Италијанец завршил во болница откако со партнерот биле претепани од седуммина, меѓу кои и девојка во Пескара.

Треба да знаете
Последни објави